1. Измиените тиквички ги сечиме по должина на тенки ленти .
2. На работна маса ја редиме првата лента од тиквичката каде ставаме мало парче сиренце, од половината ја додаваме другата лента, па третата и четвртаталента. Ги ролуваме тиквичките во круг. Ги редиме тиквичките во намастена тепсија и ги печиме 20мин на 180 С.
3. На страна се мешаат јајцата, брашното, киселата павлака, солта и биберот и се поливаат тиквиците. Може меѓу нив и да се издроби уште сирење по желба. Се допекува уште 20 мин. Значи вкупно 40 мин.-20 плус 20!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани