Откако почнав да купувам вакви кори, многу почесто подготвувам вакви ролнички. Многу се вкусни, лесни, не прават тежина во стомакот, не се мрсни - идеални, особено за доручек. И другиот ден се вкусни.
Ако не можете да најдете вакви кори, може да користите и кори за пита. Во ова пакување има 12 кори и се добиваат 6 ролни од по 2 кори за секоја.

Подготовка
Измешајте во филџан маслиново масло и минерална вода.
Подгответе го филот, спанаќот исечкајте го ситно, додадете едно или две јајца и изварката, посолете по вкус и измешајте.
Земајте по 2 кори, а ако се потенки по 3. Секоја кора се попрскува со масло и вода и се нанесува од филот на едниот крај од корите и се витка во ролна. Постапката се повторува додека не се потрошат корите.
Ролните се редат на намастен плех и одозгора се попрскуваат со масло и вода.
Се пече на 200 степени (јас ги печам покриени со хартија за печење) околу 25 минути или додека поруменат.
После печење, попрскајте ги малку со вода и покријте со кујнска крпа 5 минути и потоа конзумирајте со кисело млеко или јогурт.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови