1. Коричките од секое парче тост леб се отстрануваат односно се сечат, мекиот дел од лебот се сучи со оклагија. Околу една третина од парчето леб се мачка со Нутела, згора се става парче портокал, па се завиткува во ролна.
2. Се мати јајцето со млекото и се ставаат ролните. Ролничките се пржат на загреано масло се додека не добијат златно-кафеава боја.
3. Додека се топли се валкаат во шеќерот измешан со цимет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови