Многу вкусни и брзи ролнички готови за 15-20 минути.

Најпрво ги соединуваме топеното сирење со павлаката, ги ставаме на страна. Потоа кашкавалот го сечеме на лентички по желба и виршлите на половина.

Од секое парче леб ја отстрануваме кората, потоа со сукало секое парче леб го сукаме во тенка кора, мачкаме од топеното сирење со павлака, ги ставаме виршлата и кашкавалот (по желба), мотаме во ролна. Вака правиме и со останатите парчиња леб.

Откако се спремни ролничките почнуваме со пржење.

Секоја ролна најпрво ја валкаме во брашно, во јајца, во презла и пржиме во загреано масло додека не порумени.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови