За кората
Земаме длабок сад, ги кршиме јајцата и го ставаме шеќерот, па заедно ги матиме. Откако ќе се изматат убаво ги додаваме и следните состојки. Прво ја ставаме водата,па екстратот од ванила, солта, содата, какаото и на крај брашното и прашокот за пециво. Мешаме убаво смесата да се соедини.
Ја ставаме кората да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

За филот
Прво го матиме крем сирењето со шеќерот во прав. Откако ќе се изматат ја ставаме слатката павлака и екстратот од ванила и на крај ги ставаме малините. Матиме додека филот не стане кремаст. Малините можете да ги додадете на крај за да останат цели.

Го приготвуваме и чоколадниот прелив.
Во микробранова во еден сад ги ставаме слатката павлака заедно со чоколадото да се растопи и да се соедини. Откако ќе се растопи го ставаме на страна да се лади.

Испечената кора ја ставаме на крпа и најпрво мачкаме со дел од чоколадниот прелив (а дел од преливот мачкаме од горе на веке готовиот ролат). Убаво мачкаме на цела кора,па потоа го ставаме филот па мотаме во ролат.

Ролатот од горе го премачкуваме со растопениот чоколаден прелив па декорираме со слатка павлака и малини по желба.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови