Еве предлог од мене за уште едни, многу вкусни празнични колачи

Во касерола на оган ги ставаме млекото, шеќерот, путерот, чоколадото, да се соединат и да провријаат 2-3 минути.
Тргаме од оган и оставаме малку да се излади.
Потоа ги додаваме млените бисквити и мелените ореви и ликерот
Соединуваме.
Оставаме малку смесата да се излади, да биде млака.
За тоа време формираме ваљак од марципанот.
Врз прозирна фолија ја растенчуваме темната смеса.
Врз неа го ставме марципанот.
Завиткуваме ролат.
Оставме на ладно да се стегни.
Потоа го прелеваме со чоколадна глазура и нежно посипуваме шарени трошки.
Сечеме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани