Ролат со мак ми е омилено нешто од кога бев дете иако последниве години ретко го јадам. Како за нешто што долго време го немам правено, излезе прекрасен и во изглед и во вкус. Од оваа доза направив 2 ролати и истовремено ги печев во 2 долгунести калапи. Едниот го направив со мак, другиот со фил од ореви. Дадената количина на филот е за 1 ролат, значи за 2 ролати треба да дуплирате. Рецептот за ролатот со ореви ќе го напишам дополнително.

Подготовка

1. Пенасто изматете ги жолчките, шеќерот, путерот и кората од лимон со миксер.

2. Свежиот квасец издробете го во 100 мл млако млеко.

3. Кон смесата со жолчки, постепено додавајте брашно и прстофат сол, додадете го растворениот квасец и постепено додавајте брашно и останатото млако млеко. Мешајте со миксер, а на крајот замесете го со рака. Тестото треба да биде меко и нелепливо.

4. Оставете го тестото да се крева на топло околу 1 час.

5. За тоа време, примпремете го филот. Со врело млеко, попарете го афионот и шеќерот и додадете цимет по желба. Измешајте убаво.

6. Нараснатото тесто поделете го на два дела и исучете тенки кори на набрашнета површина со дебелина од 4-5 мм.

7. Нанесете го филот по целата површина (не скроз до краевите за да не ви истече) и замотајте ја кората внимателно во ролна. Додека ја замотувате, отстранувајте го брашното од кората.

8. Ставете го ролатот во калап претходно намастен и нека се крева уште 40тина минути.

9. Премачкајте ги ролатите со жолчка и печете на 180 степени 40-50 мин. По потреба ставете хартија за печење од горе ако видите дека многу брзо ви фаќа боја ролатот.

После печење откако ќе се олади ролатот може да посипете шеќер во прав. Јас го посипав со малку афион.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови