Јајцата и шеќерот се ставаат на тивок оган да се растопи шеќерот, со постојано мешање. Се трга од оган, се додава маргарин и се меша да се растопи.
Потоа се додаваат другите состојки, растопеното чоколадо и се меша да се изедначи смесата. Половина од смесата се става во калап обложен со фолија, се редат по цела должина бананчиња, па пак се става од смесата. Се измазнува убаво со помош на фолијата, убаво да се наполни калапот.
Од оваа доза излегуваат два калапи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови