Кората се спрема стандардно.
Се матат јајцата со ванилата и шеќерот, се додава брашното, пецивото и ренданото чоколадо.
Се излева во намрсен и побрашнет плех 32 на 39 см..
На едниот крај се редат ресана колачињата.
Се печи во загреана рерна на 180 степени околу 13 мин. Претходно рерната загреана 5 мин. на 200 степени.
После печење се става помеѓу две влажни кујнски крпи.

За филот се вари пудигот.
Во жешко се става маргаринот и се меша додека се стопи.
Се остава да се лади и во целосно оладено се додаваат 50 гр. цврсто изматена слатка павлака. Убаво се изедначува.
Кората се премачкува со фил, па на крајот каде што се ресаните се ставаат бананите кои се попрскани со лимонов сок.
Се витка ролат.
Од надвор се премачкува со остатокот од слатката павлака.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани