
23
јан
2019
Ролат пица баница
Најпрво во длабок сад ги кршиме јајцата ја додаваме павлаката, мешаниот зачин, пецивото и брашното. Мешаме да се соедини.
Со тоа ги премачкуваме корите.
Потоа земаме една кора ја попрскуваме со зејтин и ставаме уште една кора па на втората кора мачкаме од смесата. Потоа ставаме кечап, оригано, шунка, кашкавал и сирење па мотаме во ролат. Ги ставаме во намрсен плех
Вака правиме и со останатите кори.
Печиме на 180 степени околу 40-45 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови