Декоративен, брз и многу вкусен ролат...
Сусамот се потпекува во тава да добие убава румена боја.
Морковот се ренда на ситната страна од рендето, кикиритките се блендираат или се сецкаат ситно.
Сирењето се дроби потоа се додава киселата павлака, печениот сусам, морковот, кикириките и се' убаво се меша.
На парчињата леб им се остранува корката и се редат како на сликата, на самиот преклоп се премачкува со малку вода да може да се залепи убаво за да се добие убава кора, полека се сука со сукало.
Врз кората се нанесува филот на едниот дел од кората се става скараџиски колбас и се витка ролат.
Се остава да се излади преку ноќ и потоа се премачкува со мајонез.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови