Локумот месете го со шекерот во прав додека не добиете изедначена смеса.
Убаво измесената смеса поделете ја на два дела. Од едниот дел направете тенка кора на најлонска фолија.
Чоколадото растопете го на пареа и во него додадете ја брусницата и оревите. Со половина од овој фил премачкајте ја кората и завиткајте ролат. Постапката повторете ја и со другата половина локум.
Ролатот оствете преку ноќ да се лади, а потоа исечете на парчиња.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови