Подготовка на бисквитот
Белките се одвојуваат од жолчките. Белките се бијаат во цврст снег. Жолчките и шеќерот се матаат убаво. Потоа се додаваат останатите состојки (брашното, какаото, пецивото и маслото).На крај се додаваат изматените белки и сето убаво се меша да се соедини. Смесата се истура во плех обложен со хартија.
Се печи на 180Ц околу 10 мин ама поубаво е да се проверува. Откако ќе се испече бисквитот се става на влажна крпа и се превиткува од двата краја кон средината и така се остава да се излади.

Подготовка на кремот
Млекото, шеќерот, жолчките, брашното и густинот се ставаат на оган да се вараат се додека не се добије убава густа смеса како пудинг. Откако ќе се свараат се трга тенџерето од оган и се додаваат 3те пакетчиња ванилин шеќер и убаво се меша. Смесата се остава да се излади.

Маргаринот се бие и се додава изладениот крем. Се бие се додека маргаринот и кремата убаво не се соединат. Филот се распоредува насекаде околку бисквитот и на средината се редаат целите банани (2 реда за да биде како очи)

Шлагот се подготвува спрема упатсвото на паковката и со него се премачкува целиот ролат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови