Подготовка на тестото
Во сад за месење ставете ја водата и квасецот и измешајте ги да се раствори квасецот. Додајте го маслото, шеќерот и солта. Постепено додавајте го брашното и замесите изедначено, мазно и меко тесто. Покриено со најлонска фолија оставете го да одмори 10-15 минути.
За тоа време подгответе го полнењето- филот.

Сушените домати извадете ги од маслото на салфетка да се исцедат малку од маслото и потоа исецкајте ги.
Маслинките исецкајте ги на кругчиња, а кашкавалот изрендајте го.

Подготовка на ролатчињата.
Тестото поделете го на 2 дела. Од едниот дел на работна маса развлечите правоаголна кора одприлика 28х18, нанесете пола од филот и завиткајте ролат. Крајот убаво притискајте го со прстите за да се спои со тестото. Ролатот исечете го на ролати од околу 1,5 -2 цм.
Ставајте ги во плех со хартија за печење. Во сечењето ролатите се плескаат, но при редењето во плехот малку ќе им ја вратите округлата форма.

Истата постапка повторете ја и со другата половина од тестото.
Од како ќе ги направите сите ролатчиња оставете ги да скиснат 10-на минути и потоа вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Одозгора на секое ставите по мало парченце маргарин.
Ставете ги да се печат околу 20 -25 мин да добијат кремаста боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани