Мафините ги направив за првиот роденден на мојот внук Петар, со декорација Мики Маус.
1. Путерот и шеќерот се матат со миксер.
2. Се додаваат јајцата и заедно се матат.
3. Се додава мармаладот, брашното измешано со какаото, пецивото и солта. Сето тоа убаво се миксира и се полнат корпињата по 1 полна лажица од смесата и 1 лајче еурокрем над секој мафин.
4. Се пече во загреана рерна на 180С-15мин.
5. Кога ќе оладат се става матена слатка павлака. Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани