Ова е еден прекрасен унгарски рецепт за преубава чоколадна торта, посветена на една љубов помеѓу унгарскиот музичар Риго Јанчи и принцезата (на која не ѝ го знам името). Оваа година решив на домашните за Божиќ да им ја приготвам, па и да го споделам рецептот тука со вас. Се надевам дека ќе ви се допадне!
1. Маргаринот се топи, па се мати со шеќерот и ванилата.
2. Се додаваат јајцата, едно по едно и после секое се мати.
3. Откако ќе се добие изедначена смеса, се додава јогурт, и се мати уште малку.
4. Потоа се додаваат сите суви состојки.
5. Уште еднаш добро ја мешаме целата смеса, па ја префрламе во намрсена тава за печење бр. 28.
6. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути или додека бисквитот не се оддели од краевите на тавата.
7. Потоа го вадиме од рерна, покриваме со крпа и оставаме да се излади, за да можеме подоцна да го исечеме на два дела по хоризонтала.
8. За подготовка на кремот, чоколадото искршете го на коцки, а павлаката загрејте ја (но не да зоврие).
9. Во неа додадете го румот, па спојте ги со чоколадото.
10. Мешајте додека смесата да се изедначи.
11. Потоа оставете ја да се излади малку, па изматете со миксер на кратко, колку да добиете поцврст фил.
12. За чоколадниот прелив спојте ги загреаната слатката павлака и чоколадото да добиете течна изедначена маса.
13. Филувањето на тортата оди вака – врз едната кора се истура целиот фил и се покрива со втората кора.
14. Потоа се глазира со преливот.
15. Одозгора и од страните, тортата може да се украси по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови