Во тенџере на оган се става водата со сувата црвена пиперка, сол на вкус и една лажица масло. Се остава да зоврие.
Кленот се чисти, се мие и се сече на помали парчиња.
Парчињата риба и икрата се додаваат во водата која врие.
Оставаме чорбата да се вари на тивок оган околу половина час.
Потоа додаваме една лажица брашно растворена во малку вода.
Пред крај додаваме една китка сецкано свежо нане.
Чорбава е многу вкусна и освежителна,па доколку ви се наоѓа клен направете ја.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови