Како љубител на риби сакам да пробам секакви видови на приготвувања на риба.
Со овој начин на приготвување многу лесно ќе ја испржите ситната риба.
Рибата посолете ја, додадете зачини и сок од лимон.
Нанижајте ги рибите на раженичиња, на секое по 7-8 риби.
Во едно тањирче ставете брашно, палента  и измешајте. Рибата нанижана на ражничиња извалкајте во брашното со палента.
Пржете ја рибата во згреано масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови