Ручеков вообичаено го правам во посни денови...

Подготовка
1. Компирите ги вариме и ги сечкаме на мали парчиња.
2. Печурките ги сечкаме во сечко или ако сакате покрупно да ви бидат исечкани, сечкајте ги со нож или алатка.
3. Кромидот го сечкаме на ситни коцки или во сечко и го ставаме во тава со масло да се запржи. Кога ќе се пропржи ги додаваме печурките и тие да се запржат.
4. Кон пржените печурки и кромидот ги додаваме варените компири.
5. Додаваме масло ако има потреба, а ги додаваме и зачините. Промешуваме и со мешање ги пржиме на средна температура сите состојки заедно.
6. Откако ќе се соединат вкусовите ја тргаме тавата од рингла и оставаме да подизлади.

Сервирајте и уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани