Како замена за вечера, испадна ова мезе од крем салата. Испадна многу вкусна, а брза за подготовка.
Најпрво, бататот излупете го и исецкајте го на помали парчиња. Налејте вода и варете го, се до омекнување. Потребни се околу 15тина минути. Во друг сад сварете го и јајцето. Додека се ладат, на ренде изрендајте ги краставичките, а туната исцедете ја од маслото.
Сварениот компир се гмечи со виљушка. Во сад по ваш избор, се става најлонска фолија. Врз фолијата се распоредува компирот. Се гмечи нежно со лажица. Врз компирот се соли сол и се наросува мелен црн бибер. Врз тоа се размачкуваат две лажици мајонез. Сега, врз мајонезот се нанесуваат парчињата туна и сецкан кромид. Повторно се наросува со мелен црн бибер и се посолува. Се мачкаат повторно две лажици мајонез. Врз мајонезот се додаваат киселите краставички и пак се премачкува со две лажици мајонез. Врз мајонезот, се ренда јајде, се посолува и се наросува мелен црн бибер. Се завршува со премачкување со мајонез. Се остава салатата да одмори, околу 40тина минути во фрижидер. Потоа, чинијата се превртува и се вади најлонската фолија. Целиот куп салата, уште еднаш добро се премачкува со мајонез. Како декорација, јас користев, сецкани црни маслинки.
Наместо батат може да користите и обичен компир.
Оваа доза, се однесува на една чинија за салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови