За обожавателите на кокос имам еден одличен десерт.
Кокос коцки кои се топат во устата.
Бараат време да отстојат една ноќ после подготовката, за да се долови оној вистински вкус.
Дополнителен вкус им дава и кокосовото масло, кое иако служи само за подмачкување на тавата или калапот, му придава големо значење на вкусот.

За филот е потребно да се свари пудингот.
Во 500 мл млеко се вари 1 паковка од ванила пудинг.
(Јас користев пудинг од слатка павлака )
не се додава шеќер во пудингот затоа што во матениот путер има доволно блажина.
Додаваме 100 гр кокос.
Путерот го матиме со шеќерот во прав.
Кога е изладен пудингот го помешуваме со путерот и добиваме убав кокосов фил.
Оставаме да се стврдне убаво 15 минути.

Обично за подготовка на филот се користи 400 мл млеко за пудингот, за да стои малку поцврст.
Овој пат ставив 500мл млеко, заради тоа што густината ја дополнив со кокос.
За делот како пандишпан користев вафли.
Тавата во која ќе ја редите тортата премачкајте ја со кокосово масло.
Редете ред вафли, ред фил.
Попрскајте со кокос врз површината.
Најубаво е да отстои една ноќ, да си прими убаво филот, да легне тортата.
Има преубав вкус на кокос.
На здравје

Можете да употребите домашноподготвени или готови.
Ако се одлучите да ги приготвите дома еве ви рецепт.
За подготовка на вафлите е потребно
250 гр брашно
1 пециво
3 јајца
1 ванила
2 лаж.шеќер
60 гр путер
450 мл млеко

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови