Ова е една прекрасна освежителна салата, која слободно можете да си ја подготвите за појадок. Се вклопува и во веге хроно.

1. Исецкајте ги пиперките на поситни коцкички. Јас користев пиперки од тегла, може да се користат и печени замрзнати од зимница.
2. Ставете еден слој урда. Наредете одозгора со сецкани пиперки. Потоа наросете малку црн бибер, па насецкан магдонос, наросете малку ореви, толчено лукче или лук во прав и посипете со половина лажица маслиновото масло.
3. Потоа следи вториот ред со иста постапка на подготовка.
4. На крај завршете го последниот слој само со урда, повеќе ореви сецкани, малку црн бибер и редената салата е подготвена.

Брзо и лесно, едноставно за подготовка, а е многу декоративна и вкусна.

- Оние кои се во рестрикција нека заменат ореви со бадеми.
- Може да се користи и друг млечен производ од набројаните, само немојте да мешате два, користите само 1, за оној за кој што сте се одлучиле.
- Бидејќи пиперките ми беа во маринада и се малку киселкасти, не додадов лимон, инаку за печените замрзнати пиперки ајварки, препорачливо е неколку капки лимон врз нив да се накапе.
- Јас го користев и лукот од маринадата и уште повкусна искочи целата салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови