Прво се матат јајцата со шеќерот до побелување.
Потоа се додаваат сите течни состојки и убаво се меша.
Се додава гризот, брашното со печивото и повторно убаво се меша.
На крај се додаваат толчените ореви.
Раванијата се пече во намастено и набрашнето плехче број 32 на 190 степени околу половина час.
Печената раванија убаво ја ладиме и ја полеваме со шербетот кој треба да е топол.

За шербетот ги вариме водата и шеќерот неколку минути додека почне да се згустува.
Згора раванијата ја наросуваме со толчени ореви, оставаме убаво да се олади(најдобро преку ноќ)и послужуваме со шлаг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови