Откако го вкусив ова убаво растение, мислев како да го искористам на повеќе начини во мојата кујна.
Чепкав по нет, па најдов една убава сува торта, рабарбер торта, која искрено не' воодушеви по вкусот.
Се приготвува на многу едноставен начин, а нуди совршенство од вкус.
Во длабок сад ги ставаме сите состојки од првиот дел.
Да напоменам дека путерот треба да е на собна температура додека се изработува.
Се додаваат сите состојки и се матат со миксер додека не се соединат убаво.
Калапот во кој ќе приготвувате намастете го убаво, па со шпатула полека разредете ја смесата секаде.
Рабарбетот го миете и убаво цедите на сува крпа. Го сецкате на парченца и го распоредувате по површината на смесата во садот.
Ставате да се пече во загреана рерна околу 25 минути.
Додека се пече, ние го приготвуваме вториот дел од колачот.
Белките ги матиме пенесто, додавајќи ги шеќерот и свежо цедената лимета.
Откако добивме густ крем, ги додаваме мелените бадеми и соединуваме со шпатула.
Ја вадиме тавата од рерна и полека ја полеваме втората смеса. Откако рамномерно ја распоредивме, ја враќаме уште 10 минути назад во рерна.
Исклучуваме рерната и оставаме уште 5 минути да одмори во натре, па ја вадиме и оставаме да истине скрос.
Ја вадиме од калапот на сад и ја попрскуваме со шеќер во прав.
Забелешка:
Да напоменам како забелешка, дека не треба да го сечете уште топол колачот.
Оставете убаво да се излади, потоа сечете и сервирајте.
На здравје со убавиот десерт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови