Изматете ги јајцата со прстофат шеќер. Намалете ја брзината на миксерот најмала и додадете ги предоследно состојките. На крај со лажица вмешајте ги паризерот и пармезанот. По желба можи да се додадат други продукти место овие, а во овој случај чинам дека и ситно сецкан магдонос супер би се вклопил, но касно ми текна.

Печете ги крофните во апаратот за крофни 4-5 минути.
Послужете ги со рендан пармезан, тартар сос, а чаша јогурт одлично се вклопува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани