Ова е една брза и едноставна пита, која нема да погрешите ако пробате да ја направите!

1. Се матат јајцата со сол. Потоа се додава јогуртот и маслото и се заедно се соединува.
2. Кон смесата се додаваат млечните производи. Зависно од тоа колку е солено сирењето, ако сакате можете да додадете уште малце сол.
3. На крај се додава гриз и пециво и се убаво се соединува.
4. Одвојте од смесата 3 полни лажици на страна, а во остатокот додадете ги семнките тиква и убаво измешајте.
5. Земаме по две кори за пита. Меѓу нив премачкуваме со тенок слој масло. Премачкуваме со 2-3 лажици од филот со семки тиква и мотаме во ролат. Се редат во тава подмачкана со путер или масло. Постапката се повторува додека да ги потрошите корите.
6. На крај наредените кори обилно ги премачкуваме со остатокот од смесата и наросуваме со мешавина од презла со палента или пченкарно брашно. Наросуваме и прстофат сол. Се сечат користе на 4 дела или ако сакате помали може и на 5-6 дела. Како ви одговара.
7. Се пече на 200 степени, околу 15-20 мин, односно додека да зарумени од двете страни.
Како и секоја пита така и оваа одлично одговара со кисело млеко, јогурт или матеница-ајран.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови