Многу вкусен додаток за разни видови на месо, а може да се мачка на леб.

Путер со капари.
Путерот го гмечиме со вилушка додека стане крамаст. Ги додаваме капарите и зелениот бибер и формираме цилиндрична форма.
На најлонаска фолија ставаме една лажичка оригано и го ставаме путерот и убаво завиткуваме.

Путер со буковец
Постапката е иста само место оригано путерот го валкаме во буковец.
Вака подготвен путерот го ставаме во фрижидер околу еден час и веќе може да се употербува.
Трајноста му е онолку колку што траат состојките кои сте ги ставиле.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови