Во длабок сад го просејуваме брашното.
Правиме вдлабнатинка во средината, го рониме квасецот, додаваме 2 лажичиња шеќер и топло млеко за да се раствори квасецот. Малку се зема и од брашното. Се остава да се активира.
Потоа се додава останатиот шеќер, солта, јајцата, маслото и толку млеко за да се добие средно меко тесто.
Тестото убаво се изработува, се меси.
Се премачкува со масленце и се остава на топло да одмори 30 мин..
После тоа време целото тесто се дели на 15 дела.
Од секој дел се вадат по 10 мали топчиња.
Секое топче се расукува како јазик и се витка по долгата страна.
Се редат во намрсен плех или на хартија за печење.
Се премачкуваат со разматено јајце и се наросуваат со сол ситна.
Одма се печат, не се киснат.
Се печат во загреана рерна за време околу 12-13 мин. на 200 или додека поруменат.
Нежно се премачкуваат со водичка и се задушуваат.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани