Во период со изобилство на свежо овошје лесно можиме да си дозволиме да си поиграме и со класичното спремање на пудингот, како и со начинот на сервирање, кој во овој случај одлично се надополнува во вкусовите. Така настана и овој десерт, вкусен и интересен на поглед.

Ретко се наоѓаат мали динчиња на големиот пазар, но затоа пак ако знаете каде поединци продаваат или имате некој пријател ратар кој сади бостан лесно ќе ги најдите.
Откако ќе се спреми кремот за полнење, динчињата се сечат на половина, се чистат од семките и минимално се длабат (всушност да остани отприлика 1 см „месо“ од кората). Тој дел изедете си го, не го мешаме со кремот.

Моето пакетче за пудинг беше такво да требаше да се меша со 800мл течност, па затоа во воведот напишав млекото да е спрема упатството на кесичката. Ако немате пудинг од праска, заменете го со ванила.

Спремање на кремот
Се одделуваат 100 гр од млекото за мешање на прашокот и една лажица шеќер. Останатото млеко се става да се грее на средна јачина на ринглата, а во меѓувреме се сечкаат праските, па веднаш се ставаат во млекото. Пред точката на вриење, се трга на страна тенџерето и се вадат на страна и се блендираат, па се враќаат повторно во тенџерето на рингла и се додава растворениот прашок за пудинг.

Откако се сварил пудингот по неколку минути се додава путерот и убаво се меша и на крај екстрактот од праска и лимонот.

Пудингот го тураме во издлабените половинки динчиња во кои предходно сме издробиле од сувите колачи и одозгора украсуваме со сезонско овошје.

Оставете го да излади во фрижидер, па послужете. Со сркањето на кремот препорачливо е со лажицата да се зафати и дел од дињата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови