1. Во еден сад се измешуваме чиа семето и ситно мелените бадеми.
2. Во длабок сад се става млекото и медот (засладувачот) се меша додека не се растопи.
3. Во садот се додава претходно измешаното чија семе и бадемите.
4. Откако ќе се промешаат убаво сите состојки садот се покрива со капак или со фолија и се остава во фрижидер.
5. Смесата се промешува убаво и се претураа во чаша.
6. Одозгора се додаваат сувите кајсии, брусницата , листовите јаболко.

- Најдобро е пудингот да се остави во фрижидер да стои една вечер и да се конзумира наредниот ден.
- Може да се приготви и со кравјо млеко.
- Секако можат да се користат и најразлични додатоцки (лешник, орев, кокос) како и најразлично сушено или свежо обошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови