Во дел од млекото се раствораат пудинзите со една лажица шеќер. Остатокот со шеќерот се загрева и се вари пудинг.
Во врелиот пудинг се додаваат маргаринот и чоколадото издробени и се меша убаво и енергично до мазна структура на кремот.
На крај се додава и киселата павлака и повторно се меша убаво.
Во сето ова се додаваат бисквитите претходно искршени. Додајте прво 250 гр, па ако сакате уште додајте ги и останатите (зависно колку кремаст ќе го сакате колачот. овде се ставена цела доза)

Половина од смесата се излива во намастен калап 20х30, врз неа се редат бананите кои сме ги пресекле на половина по должина и втиснуваме малку со рацете. Одозгора ја распоредуваме останатата половина од смесата.
Оставаме во фрижидер малку па ја матиме слатката павлака и премачкуваме одозгора.
Шлагот го украсуваме со чоколаден прелив Винчини.

*Овој колач можи да се направи со пудинг од ванила или од чоколадо. Доколку користите од ванила, ставете бело чоколадо во него.

** Можи да ставите било какво овошје во колачот. Јас овде решив да го поделам и да ставам пола банани, а во другата половина праски.
Секако колачов дозволува експериментирање, а што е најважно се прави многу брзо и лесно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови