Прво во еден сад го ставаме брашното, пецивото
и по 1 лажица од ленот и интегралниот сусам. Заедно мешаме со лажица.
Се матат 3 јајца и 1 лажичка сол со миксер. Потоа се додават сирењето,зејтинот,јогуртот
и киселата вода. Матејки постепено се додаваат брашното, пецивото ленот и
интегралниот сусам.
Смесата ја истураме во подмачкан плех со масло и брашно. Одозгора наросуваме семки
од тиква, лен и интегрален сусам од Натура. Се пече во загреана рерна на 180-200
степени ококу 25 минути.
Чашите со кои мерев се од 200 милилитри.