Оваа проја е без брашно, значи доминира гризот.
1 чаша павлака=180гр
1 шоља=200гр

1. Во длабок сад се става гризот, јајцата, маслото, павлаката и пецивото. Сето тоа се меша со лажица.
2. На страна се мешаат ренданата тиквичка со 1 лажичка сол(зависи колку е солено сирењето) и фета сирење.
3. Се спојуваат сите состојки и се ставаат во плех или како јас во силиконски модли.
4. Се печи на 180 С околу 30мин. Временскиот период на печењето зависи од ваата рерна.
П.С.
Јас редовно ги правам за мојот внук, кој навистина ја обожува оваа пита.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани