Пилешкото месо исечете го на парчиња и исчукајте ги со чук. Зачинете со сол, бибер и мешан сув зачин..
Кромидот, морковот и пиперката исечете ги на ленти. Ставете ги да се пржат и на крај додајте патлиџан и зачинете.
На пилешкото месо ставете го испржеиот зеленчук, завиткајте во ролни, боцнете го со чепкалка и ставете да се пржи.
Од готовите увијачи извадете ја чечпкалката,  пресечете на пола и сервирајте со салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани