Во касерола ставаме вода и сол да проврие.
Ја додаавме тестенината да се вари и парчето морков.
Сварената тестенина ја процедуваме и ја оставаме на страна.
Во еден мал сад ги соединуваме сокот од лимон, биберот, солтта, маслото и сенфот.
Промешуваме и оставаме на страна.
Во друг сад ги соединуваме сецканите листови марула, спанаќ, младо кромидче, сецкан, варен морков, капари, исцедената туна од масло, свежата краставица.
Убаво промешуваме и го додаваме подготвениот прелив
Ја додаваме и орзо тестенината.
Оставаме во фрижидер 15 минути да одстои па послужуваме со чаша бело вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани