Лека полека стигнав и јас до мојот јубилеј, до мојот 200 рецепт.
Во овие две изминати години додека сум со сите вас научив многу од сите.
Секој ден има прекрасни рецепти, прекрасни фотографии и да бидам искрена малку сум љубоморна на сите тие прекрасни фотографии. Некако не ми оди да направам добра фотографија или треба да го сменам апаратот, а секако убаво ќе ми дојди еден курс кај некоја од вас мои дами.
Дружењето ми дојде некако спонтано и не мислев дека ќе останам толку време на овај сајт, но покрај вакви рецепти и совети за готвење ретко кој би престанал да се дружи со вас.
Тортата ја нареков пролетна бидејќи е веќе пролет, времето конечно се разубави и нема магла барем кај нас во Битола.

За пандиспањата најпрво се бијат јајцата заедно со шеќерот и ги додаваме маслото и кафето. Јас употребив јако варено инстант кафе, а можите да ставите друго кафе ако ви е воља.
Во посебен сад настрана го просејуваме брашното заедно измешано со какаото. Ги додаваме во садот со јајцата и последни ги додаваме содата, пецивото и ванилата.
Убаво мешаме да добиеме компактна смеса и ја истураме во тркалезно тавче бр.28 обложено со хартија.
Печиме на 190 степени околу 20 минути.
Кога ќе се испечи ја оставаме да се излади, ја тргаме хартијата и ја ставаме на чинија за служење.
Паниспањата ја боцкаме со вилушка до дното и ја преливаме со претходно направениот и изладен прелив.
Преливот го правиме така што во сад на тивок оган го ставаме кондензираното млеко, полномасното млеко и чоколадото кршено на парчиња.
Ги мешаме се додека не се стопи чоколадото и потоа ја додаваме слатката павлака и се добро мешаме за да се соединат.
Преливот ладен го истураме врз тортата.
И последно го правиме ганаш кремот.
Во подлабок сад ги ставаме слатката павлака, медот и чоколадото и ги топиме на тивок оган. Кога убаво ќе се соединат ги тргаме од оган и со миксер на најмала брзина кратко биеме, околу 2-3 минути.
Го оставаме да се излади и да се стегни и го нанесуваме врз тортата.
Вака направената торта најубаво е да ја оставиме преку ноќ и наредниот ден да ја филоваме со топеното чоколадо.
За декорација употребив малку биена слатка павлака и парченца црно чоколадо.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови