Секој Велигден се трудам да користам природни бои за јајца, без хемикалии, конзерванси итн. Ова е едноставен, но интересен начин за добивање на сина или сино-виолетова боја. Пробајте..

- Сецканата зелка заедно со водата се вари 30 минути, со цел да се излезе бојата од зелката. Содржината се лади и потоа се додава оцетот и солта. Се додаваат јајцата и повторно се враќа на оган и се вари околу 7-8 минути со цел да се сварат јајцата.
- Јајцата се оставаат во тенџерето преку ноќ. Потоа се вадат, сушат и премачкуваат со масло.

Напомена
Природните бои тешко се предвидуваат како ќе го обојат јајцето, оваа година ми излегоа некои бели шари, додека минатата беа светло сини без шарки.

Честит Велигден!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови