Се ставаат на оган водата и путерот со малку сол да зовријат. Откако ќе зовријат се додава брашното и се меша енергично додека не почне да се одделува тестото од ѕидовите на садот. Се остава да се излади. Се додаваат јајцата едно по едно, се меша со лажица додека не се добие хомогена смеса. Со помош на шприц за вадат форми во плех обложен со мрсна хартија. Се печат на 190-200степени 25-30мин
Не се отвара рерната никако во првите 20мин од печењето.

Време е за подготовка на кремот
Со маталка се матат јајцата со шеќерот и густинот. Млекото се става во тенџере на оган. Откако ќе се замлачи дел од млекото се додава во јајцата се меша со маталката и цела смеса се враќа назад во тенџерето. Се меша постојано додека не се згустне кремот. Се трга на страна и се додава путерот и ванилата. Кремот се покрива со стреч фолија и се остава убаво да се излади, минимум 4 саати. Може да се користи за принцес крофни,еклери,бостон мафини итн.
Се сечат на половина крофните се филоваат со кремот и слатката павлака и се наросуваат со шеќер во прав. Шољата е 200мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови