- Измерете го булгурот, ставете во сад и попарете со 250 мл. вода, покријте и оставете да одстои додека ја впие водата. Потоа готовиот булгур размешајте го со вилушка да се растресе. Доколку сеуште во него има вода прецедете го.
Додека стои булгурот ви пригответе ги тиквичките така што ќе ги изрендате на ренде. Потоа ставете во тава да се загрее путерот и маслото, додадете ги да се пржат тиквичките се до испарувањето на течноста. Тргнете, префрлете во тањир и оставете да оладат.
- Во друго садче измешајте ги ренданиот или ситно сецкан лук, јогуртот, копарот, магдоносот, солта, убаво измешајте.
- Во тиквичките додадете ги оревите, потоа сосот и добро измешајте.
- Преместете ја во садот во кој ќе одредите да стои, потоа залијте со загреано масло во кое сте додале малку црвен пипер, а доколку сакате пикантно може да ставите во маслото и буковец.
Салатата ставете ја во фрижидер да се добро олади.
Превкусна е....
Читајки што пишува мојата пријателка Мучика сфатив дека таа ја перферира турската кујна и претпоставувам дека и овој рецепт е од нивната ризница.
Јас лично ја сакам со повќе јогурт. Почесто јогуртот го заменувам со кисела павлака и не е никаков проблем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани