Пред да започните со пржење на прилогот најпрво излупете ги тиквичките и црните патлиџани, исецкајте ги на помали коцки и ставете ги во посебни чинии. Посолете ги со сол и оставете ги околу 30 мин да е испуштат водата. Потоа исцедете и измијте ги со малку вода за да не се премногу солени. Исушете ги со кујнска салфетка.
Во тава ставете масло (околу 15-на лажици ) да се загрее и прво испржете ги тиквиците со постојано мешање да не изгорат. Со лажица решетка извадете ги на страна. Во истата тава испржете ги и црните патлиџани, да омекнат и потоа и нив извадете ги на страна.
Лукот ситно исецкајте го и пропржете го во маслото колку да замириса, а потоа додајте ги доматите и сосема малку пржете ги со лукот. Додајте ги тиквичките и патлиџаните, листови босилек и сол ако е потребно. Со мешање пржете ги уште 2-3 минути колку да се спојат вкусовите.
Вака подготвениот прилог послужете го со сварени тестенини, ориз, компири или со некое месо.
Јас користев домати од конзерва, но може да се употребат и 4-5 свежи претходно излупени и исецкани.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани