- Изрендајте на крупната страна од рендето тиквичката, оставете на страна да одстои, а пред употребата истискајте од сокот кој го пуштила.
- Се сецка ситно кромидот и се става во тава на масло да се пржи сосема кратко. Се додаваат морковот и пиперката, кога ќе омекнат се додава ренданата тиквичка и лукот. Продолжете да пржите до омекнување на тиквичката или онолку време колку сакате да ви е пржено. Јас ја оставам да биде крцкаво и да се осети нејзината свежина. Посолете на вкус, додадете исто така на вкус бибер.
Вака приготвениот прилог послужете со месо, тестенини или риба.
ЗА НАМАЗОТ
Доколку сакате од овој прилог да направите намаз тогаш нека малку олади, додадете во неа крем сирењето, измешајте, доовкусете со сокот од лимон, сол и бибер, додадете свеж копар.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани