Ова е една одлична комбинација на компири со сирење, кој како прилог се вклопуваат во многу видови јадења со месо или може и да му се насладите и само на него.

Едноставно е за подготовка, но заради убавата комбинација на вкусови, го прави посебен.

1. Сварените компири пресечете ги на половина по должина или ако се многу големи тогаш и надолжно.
2. Секоја половина премачкајте ја со тенок слој на путер, кој лесно ќе се стопи заради топлината на компирот и ќе се впие во него.
3. Потоа нарендајте го сирењето. Јас обично користам овчо сирење, но може и било кое друго. Ако не ви е доволно солено сирењето, наросете и со сол.
4. Ставете од зачините по вкус. Јас најчесто користам лут буковец, за пикантен вкус на компирот, како и црн бибер за убава арома и вкус.
5. На крај ситно исечкајте ливчиња магдонос и наросете ги врз сирењето и зачините.

Секогаш некој мали детали во готвењето, ги прават јадењата повкусни и поинтересни!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови