Бабиниот начин за највкусното зимско јадење.
Ако планирате да го правите ова јадење, по мое најдобро ќе биде да земете свинско месо кое е малку мрсничко, пафлакот е идеален...
Неколку дена порано, убаво посолете го месото од сите страни. Слободно ставете повеќе сол, таа ќе го држи да не се расипе, а потоа ќе го одсолите.
Ставете го во фрижидер, нека постои 4-5 дена.
Пред да го пржите, ставете го преку ноќ во вода, да се одсоли.
Месото исечете го на коцки. Пиперките исчистете ги од дршките и исечете ги на ленти.
Во тава ставете го салото, нека се загрее малку и ставете го месото да се испржи, да порумени. Извадете го од тавата, а после ставете ги пиперките да се пржат. Им треба десетина минути, а кога ќе бидат готови вратете го месото, измешајте и нека пропржи уште минута, две... Готово...
Турете си чаша домашно црно вино и уживајте. Задоволството е бескрајно...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови