- На лепчињата на со остар нож на средината направете засек (потрудете се да биде во буквата В -  V на латиница) исечете, но не до крај... извадете го тој дел од лепчето и направете ја длабнатината, но сепак не до крај на долната кора, премачкајте со путер.
- Ситно сецканата сланина нека се запржи да стане крцкава.
- Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
- Во сад лесно сматетете ги јајцата, додадете на вкус сол, бибер, ситно сецканото зелено кромитче, ренданото сирење, наполнете лепчињата, ставете во тавка постелена со хартија за печење и нека се пече. Пред самиот крај на печењето за кратко извадте и посипете со толку кашкавал колку што сакате да го имате заради вашиот сопствен вкус.
- Вратете во рерната, нека се пече уште се додека се стопи кашкавалот - извадте.
Служете топло.

Напомена
Вака можете да полните старо бајато лепче без разлика од која врста е. Можете да ставите во сматените јајца што сакате вие односно што има по фрижидерот. Наместо млеко можете да ставите кисела или павлака за готвење и така одлично. Сирењето можете да го сецкате - не мора рендано. Додадете и магданос - одлично е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани