Презадоволна сум од мојот експеримент, односно од вкусот и изгледот на оваа ролована црвена тортилја

Прво цвеклото го вариме во вода со малку сол.
Оставаме да се излади.
Потоа во нутрибулет ги ставаме парченцата сварено цвекло и 3-4 лажици течност каде се вареше цвеклото.
Миксаме за да се изедначи смесата.
Сега во вангличка ги ставаме цвеклото, солта, шеќерот, маслото, квасецот и брашното.
Замесуваме нелепливо тесто.
Сега го покриваме и оставаме 20 минути на страна.
Ги подготвуваме полнењатата.
Јајцето го матиме со вилушка, а може да се користат 2 јајца ако се помали, додаваме сол, бибер, мелен ким, сецкан магдонос и пржиме омлет.
Оставаме на страна.
Во нутрибулет ги ставме сварениот морков, топеното сирење, кисела павлака, зачин, масло и лукче по желба.
Миксаме за да се изедначи намазот.
Сега од тестото расукуваме танка кора.
Ја печиме тортилјата во тава бр 26 односно може и 28, на умерен оган од двете страни.
Оставаме да се излади.
Врз неа нанесуваме половина колина на намаз од морков, па ставаме парчиња мисиркина шунка со маслинки, па повторно ставаме намаз од морков, па парчиња кашкавал. Го ставаме и испржениот омлет.
Внимателно виткаме ролат.
Го оставаме да се стегни околу 1 час, па сечеме коси парчиња и послужуваме со сезонска салата.
Нас ни беше одличен летен ручек

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани