1. Чери доматите ги сечеме на половина и ги посипуваме со маслото и зачините. Го додаваме лукчето и убаво промешуваме.
2. Доматите ги ставаме во тава врз хартија за печење, да се печат на 180Ц околу 1/2 час.
3. Павлаката ја разматуваме со лажица и ја ставаме во чинијата за сервирање
4. Одозгора ги ставаме печените чери домати. Посипуваме со маслиново масло, свежо мелен бибер, сецкана лута пиперка и оцет балсамико.
*кремот е згусната веризија од оцет балсамико и го има во подобро снабдените маркети. Доколку не го најдете може да употребите обичен оцет балсамико или да го изоставите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани