Во план ми се да испробам неколку вакви превртени тортички, оваа е првата за која се одлучив по рецепт на Бети Крокер. Ниска тортичка не многу блага и сочна за јадење.

Најпрво се вклулува рерната на 170С.
Во тава 20х30 се става парчето маргарин и се става во рерна да се стопи.
Потоа се вади и се посипува насекаде со шеќерот, се редат круговите ананас од конзерва претходно убаво исцедени и во средината на секој круг по една кандирана цреша.

Пенасто се мати маргаринот со шеќерот и солта и се додава јајцето.
Откако убаво ќе се измати се додаваат млекото брашното и пецивото најпрво 30 секунди со најмала брзина на миксерот, па потоа со најсилна уште една минута.

Смесата се истура врз круговите ананас и се става во загреаната рерна да се печи додека не подотемни кексот, па потоа со чепкалка се провери дали е печен.

Печената торта скоро веднаш, по минута-две се превртува врз рамна подлога и се остава така некои 5 минути за убаво да се исцеди карамелот, па полека се крева тавата.

Убава е да се служи топла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови