Експлозија од вкусови е оваа пита.
Многу ни се допадна.
Јас печев во малата ростер тава на делимано, но може да се пече и во помал плех и тогаш колачот ќе биде и повисок.
Топло ви го препорачувам да го подготвите за престојните празници.

Најпрво го подготвуваме тестото.
Во една вангличка ги ставаме сите состојки за тестото и со рака замесуваме мазно, нелепливо тесто.
Го завиткуваме во проѕирна фолија и го оставаме да стои во фрижидер додека ги подготвуваме филовите.
За филот еден, во вангличка ги спојуваме бисквитите, презлата, рогачот, шеќерот, мелените лешници и го додаваме врелото млеко, румот, медот и енергично промешуваме за убаво да се соединат.
Ги додаваме и двете жолчки и изматениот снег од трите белки.
Оставаме на страна.
Сега го подготвуваме филот два.
Излупените јаболка ги рендаме, па додаваме цимет, гриз, шеќер, некоја капка лимон и мелени бисквити.
Го вадиме тестото од фрижидер и го делиме на два дела.
Од секој дел расукуваме кори, со димензии на тавата каде ќе печиме.
Првата кора ја поставуваме во тавата во која ќе печиме.
Врз неа поставуваме половина на количина прв фил.
Израмнуваме нежно.
Врз него го нанесуваме филот два, со јаболката.
Нежно малку израмнуваме.
Врз овој фил го нанесуваме остатокот на првиот фил.
Врз него ја поставуваме втората кора на тесто.
Нежно со вилушка на неколку места правиме дупчиња.
Печиме околу 30 минути на 190 степени.
Оставаме колачот потполно да се излади па сечеме на штангли.
Може да се нароси со шеќер во прав или по малку да се стави декорација од растопено чоколадо.
Уживајте во оваа вкусотија

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани