Превкусен, кремаст, празничен колач со банана.

Прво го подготвуваме кремот.
Во сад ставаме жолчки, шеќер, прашак за пудинг, густин и 200 мл млеко.
Со миксер ја соединуваме смесата.
Остатокот од млекото го ставаме во касерола и го ставаме на оган да се вари.
Ја ставаме претходно соединетата смеса и вариме на тивок оган до згуснување.
Тргаме од оган и ставаме прозирна фолија и го ставме кремот на тараса, хахаха таму е најладно да се излади.
За тоа време го подготвуваме мекото тесто.
Во сад ги соединуваме брашното, просеаното какао, пецивото.
Со вилушка ја пасираме бананата.
Белките ги матиме во цвртс шем, додавајќи шеќер и сол.
Со лесни движења ги соединуваме сите состојки.
Смесата ја истураме во правоаголна ростер тава,
Печиме на 190 с околу 15 минути.
Испеченото тесто го оставаме да се излади,.
Сега слатката павлака многу кратко ја матиме.
Лажица по лажица додаваме во изладениот крем и со миксер на најмала брзина соединуваме.

Во кремот да додаваме бананата врз која има неколку капки лимон, за да не потемни.
Кремот го нанесуваме на изладеното тесто.
Израмнуваме.
Во касерола ја ставаме слатката павлака да се загрее.
Потоа го додаваме искршеното млечно чоколадо.
Промешуваме за да се изедначи смесата.
Оставаме да се излади.
Потоа кратко ја матиме со миксер, не смеееме да добиеме цвсрт крем.
Ја нанесуваме врз жолтиот фил.
Оставаме колачот да се излади барем неколку часа, и покрај тоа што имав да чекам само 1 час пред да го послужам прекрасниов десерт.
Сечеме коцки и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани