Необичен рецепт, морам да признаам. Кога прв пат го гледав некаде по телевизииве, се чудев како ли може да се пржи чоколадо во врело масло?! Но кога пробав, се воодушевив од вкусот. Послужено со сладолед... кралски десерт...
1. Чоколадото, кое патем може да биде млечно или горко, со висок процент на какао, најнапред се крши на штангли и се става во замрзнувач околу половина час да се стегне.
2. За тоа време маслото се става да се згрее, јајцето се мати убаво со виљушка, презлата и брашното се распоредуваат во две различни чинии.
3. Кога чоколадото се стегнало, го вадиме, го валкаме во брашно, штангла по штангла, го натопуваме во јајце, па го валкаме во презла.
4. Ја пржиме секоја штангла само по неколку секунди од секоја страна (нецела минута).
5. Испрженото чоколадо го вадиме на салфетка, оставаме малку да одмори и послужуваме (најслатката варијанта барем мене ми е со сладолед).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови